Vera Jankovic opened the 39th edition of Makfest styled in a neo-punk creation by ELENA LUKA

Стартуваше 39-то издание на Макфест и повторно не потсети што значи успешно да се опстојува речиси четири децении.

Публиката имаше можност да ужива во прекрасна македонска музика како и што долкува на еден ваков реномиран фестивал, а токму единствената Вера Јанковиќ, која 14 години беше негово заштитно лице, имаше чест да го отвори.

Јанковиќ, која со децении работи како диџејка и водителка, за оваа посебна прилика носеше уникатна креација со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА.

Вера изгледаше величествено во црна тоалета од латекс, тул и црни пердуви, а носеше ракавица само на едната рака.

Таа го разигра стајлингот како што и прилега на нејзиниот сензибилитет со две панделки на главата, коишто го носеа потписот на ЕЛЕНА ЛУКА, а исти панделки носеше и на црвените високи потпетици.

Со неизмерен жар исполни три познати рефрени од победнички песни на Макфест од минатите години и со тоа ја најави првата вечер каде учествуваа дебитантите.

За мене Макфест значи многу, светот не познава по Макфест, тој беше и ќе биде епицентар на музичките случувања кај нас. Голем дел од вас не знаат, но во 1997-ма година, во Кан, Макфест беше прогласен за фестивал на годината.Токму оние незаборавни победничките рефрени од фестивалот се дефиниција за какви песни треба да се произведат и што треба да оставиме за идните генерации. Среќна сум што и покрај сите премрежја имаме нешто што трае цели 39 години.

За долгогодишното пријателство со ЕЛЕНА ЛУКА таа рече

ЕЛЕНА ЛУКА е фантастична. Ќе кажам дека кога дознав дека нема да го водам Макфест, последната година, сите три креации коишто веќе ми беа спремни од ЕЛЕНА ЛУКА, за жал немаа можност да бидат на сцената. Со Елена соработуваме години наназад, јас го имам тој нео-панк момент на којшто една врвна модна куќа, едно врвно име знае да одговори.ЕЛЕНА ЛУКА ја знае мојата музика и знае каква креација можам да износам.Големо браво за професионалноста, изведбата и креативноста.

А еве како Вера маестрално ја носеше извонредата тоалета од нашиот етаблиран бренд на сцената и зад неа.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish