Викендот е одличен да испробате нешто ново, па затоа денес, како за ден пред викенд, ви носиме рецепт за слатки печива со џем.
Освен тоа што се вкусни тие се и декоративни и потсетуваат на мали ретро писменца.
Еве што ќе ви биде потребно:
- Пакување лиснато тесто
- Џем од сливи, може и друг според вкус
- 1/2 шолја шеќер
- 1 јајце
- Шеќер во прав
Подготовка:
Исукајте го лиснатото тесто додека не добиете тенка подлога. Со помош на калап во форма на квадрат (или нож) исечете квадратни форми, за да добиете четири еднакви дела. Останатото тесто спојте го, па пак исукајте го за да добиете уште два квадрата.
Доколку го исукате доволно тенко може да добиете вкупно 10 квадрати. Спојте ги дијагонално како би добиле форма на писмо и исполнете ги со џем по вкус.
За печатот ќе ви требаат тенки форми на кругови, а за нивно украсување искористете што било како мотив и втиснете го на нив.
Откако ќе бидат формирани писменцата во мала чинија изматете го јајцето и измачкајте го секое печиво, само водете сметка да не ставате врз џемот.
Наросете врз нив шеќер во прав, па ставете ги во загреана рерна на 220 степени и печете околу 20-25 минути.
Откако ќе се испечат и оладат можете пак да ги наросите со шеќер во прав.
Photo: Instagram