Секоја сезона си има своја боја, но октомври е посебен. Тој е розовиот месец, посветен на женственоста, автентичноста, храброста, непрестајната борба и поддршка.
Во октомври жените борци си подаваат рака, се обединуваат и порачуваат дека ниедна не е сама.
Розовата боја го означува женското заедништво и затоа овој месец го посветуваме на жените кои се соочиле со рак на дојка.
Секоја победа значи многу, а ние сакаме да ги извојуваме сите. Дами борци не сте сами, сите велиме – напред розово!
Photo: Pinterest