Tuesday with soft gray-white tones

Денешниот вторник го резервираме за нежна сиво-бела комбинација.

Класичен деловен изглед со нежни примеси на сива и бела боја се идеален избор за работниот вторник.

Светло сиви класични панталони со висок струк и три-четврт ногавици во комбинација со бела памучна маичка која ќе ја ставиме внатре во панталоните и комплетирано со сиво класично летно сако во истата нијанса како пантолоните, ќе ве направат да се чувствувате професионално и истовремено елегантно и нежно заради мекоста на светлите тонови.

Финишираме со сива чанта со долга рачка, сандали на ниска штикла со ремчиња и очила за сонце и ви посакуваме исполнет и продуктивен вторник!

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish