Galliano leaves Maison Margiela after 10 years at the helm

Францускиот дизајнер Џон Галијано ја напушта модната куќа Мејсон Марџела по 10 годишна служба како креативен директор.

Галијано на својот Инстаграм профил напиша “денес е денот кога кажувам збогум… моето срце е исполнето со голема благодарност, а мојата душа со насмевки”.

Дизајнерот не сакаше да го открие неговиот следен подвиг и порача дека тоа ќе се случи кога ќе дојде вистинското време.

Галијано, 64, имаше одлична финална година со Марџела, а тоа во голема мера се должи на успехот со колекцијата Artisanal 2024.

Тој се приклучи кон брендот како креативен директор во 2014-та три години по напуштањето на Диор, откако беше обвнинет за антисемитски говор.

Неговото патешествие годинава доби и документарец под наслов High and Low: John Galliano, којшто зборува за неговиот брз подем, падот по осудата и периодот на рехабилитација.

Според Vogue Галијано е еден од најталентираните модни котуриери во светот кој создава цел свет од приказни зад своите креации.

Фото: Facebook, Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish