The popular Victoria's Secret show is making a comeback after six years

Фамозното шоу на Викторија Сикрет повторно се врати на сцената.

По шест години ребредирање, дел од познатите ангели зачекорија на модната писта и ги вратија фановите во златните денови на шоуто.

Последен пат модното дефиле се случи во 2018-та. Тогаш почна да се крева свеста за инклузивноста, односно да се вреднува жената онаква каква што е. Брендот не беше подготвен да ја промени структурата на моделите, па шоуто истата година беше откажано.

Минатата година Викторија Сикрет се врати во форма на видео документарец во којшто соработуваше со разни дизајнери ширум светот, а сега за прв пат на пистата како дел од шоуто, зачекорија трансородови лица, plus size модели, но и дами над 50 години.

На големо воодушевување на присутните на пистата во секси долна облека се појавија Адриана Лима, Алесандра Амбросио, Тајра Бенкс, Кендис Свинепол. Шоуто го отвори Џиџи Хадид, а ја се појави и сестра и Бела.

За прв пат за брендот зачекори и Кејт Мос заедно со ќерката Лила, а изненади и 56 годишната Карла Бруни.

Новитет беа и трансродовите модели Валентина Сампајо и Алекс Консани, како и познатите plus size девојки Ешли Греам и Палома Елесер.

Гостите ги забавуваше легендарната Шер која ги испеа хитовите од 90-те Believe и Strong Enough, а еве како сето тоа изгледаше.

Фото: Facebook, Getty

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish