When you recognize the love for what you do, success is inevitable.

Сојузот на стопански комори на Македонија го прослави својот 20 годишен јубилеј со пригодна свеченост и многу гости и соработници. Меѓу нив беше и нашата дама лидер Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на брендот ЕЛЕНА ЛУКА, којашто испрати искрени честитки за годишнината потенцирајќи ги одличните соработки со голем број на компании членки на Сојузот.

Сакам да го честитам 20 годишниот јубилеј на Сојузот на стопански комори и да им посакам и понатаму големи успеси како што имаа и до сега. Ние заеднички работевме, со заедничко вмрежување на многу компании како членки на Сојузот. Од тоа излегоа одлични придобивки, се реализираа нови иницијативи и понатаму очекувам да имаат голем успех и развој во делот на иновациите и вмрежувањето на компаниите.

Драго ми е што ЕЛЕНА ЛУКА, бренд кој постои повеќе од 17 години, е дел од животот на жените, девојките во и надвор од државата. Сметам дека сите ја препознаваат убавината, љубовта којашто ја имам кон тој бренд заедно со мојот тим. Многу ми е мило што мојата драга пријателка Пенка Мукаетова ја избра повторно ЕЛЕНА ЛУКА да направиме една custom made креација за неа – одлична црна тоалета од тантела. Морам да кажам дека Пенка во неа изгледаше прекрасно и и даде еден посебен карактер правејќи ја оваа вечер посебно убава.

ЕЛЕНА ЛУКА претпразнично работи на новогодишните christmas box- празнични кутии со подароци. Станува збор за убави женствени подароци коишто се пригодни за секоја дама во оваа сезона. Веќе направивме одлична промоција на новата колекција која што ќе биде безвременска во годините што следат. Тоа е посебна колекција женски костуми и секаква облека за успешни жени, дами кои сакаат мода и препознаваат квалитет.  Сето ова е еден мал подарок од ЕЛЕНА ЛУКА затоа што сите тие прекрасни парчиња се продаваат по многу поволни цени, со цел да ја гледаме македонската жена убава секаде и во секоја пригода.

Пенка Мукаетова, членка на Управен одбор на ССКМ зборуваше за досегашните успешни соработки и залагања на Сојузот.

Овој јубилеј не е само потсетник на времето што поминало, туку и симбол на посветеноста, визијата и упорноста кои го карактеризираат Сојузот. Во изминатите две децении, Сојузот делуваше како мост меѓу деловната заедница, државните институции и меѓународните пазари. Нашата главна мисија беше да ги унапредиме условите за работење на компаниите, особено на малите и средни компании, кои се движечка сила на македонската економија.

Сојузот дејствуваше и како платформа за размена на знаења, идеи и искуства меѓу претприемачите. Создадовме заедница која го нагласува значењето на солидарноста и соработката, поттикнувајќи ги компаниите заеднички да ги надминуваат предизвиците и да градат посилна економија. Горда сум што имам чест како член на Управниот одбор на ССК, да бидам дел од овој процес и дел од тимот што секојдневно работи за подобра иднина за македонското стопанство. Со овој јубилеј гледаме нанапред кон предизвиците што ги носат новите времиња.

За соработката со ЕЛЕНА ЛУКА Пенка рече

Како жена во деловниот свет секогаш се трудам мојот личен и професионален имиџ да биде доследен на вредностите кои ги негувам. Верувам дека изгледот е важен дел од првиот впечаток и силен инструмент за комуникација кој ја пренесува пораката за вашата посветеност и сериозност во професионалното делување. Во таа насока е и соработката со ЕЛЕНА ЛУКА  која за мене е многу повеќе од модна куќа, таа е вистински партнер во создавањето на еден автентичен и уникатен стил кој зборува за вас без да изговорите ни збор. Нивната способност да ги спојат класичната елеганција и современите модни трендови ја прави оваа соработка не само пријатна, туку и извонредно успешна. Она што особено ме импресионира кај ЕЛЕНА ЛУКА е нивното разбирање на потребите на модерната деловна жена. Тие не креираат само облека, тие создаваат уметност која е функционална, носива и исклучително впечатлива. Секој дизајн е внимателно осмислен до најмалите детали, со фокус на префинетост и уникатност. Материјалите што ги користат се со врвен квалитет, а изработката е совршено прецизна.

Соработката со ЕЛЕНА ЛУКА не е само избор за мода – тоа е избор за поддршка на домашниот квалитет, креативност и иновација. Тие се симбол за успех на македонскиот дизајн, и секогаш кога носам нивни креации, чувствувам гордост што сум дел од нивната приказна.

Во продолжение дел од атмосферата на свечениот настан.

Во креација на ЕЛЕНА ЛУКА беше облечена и Маја Кузмановска, која беше и модератор на настанот.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish