Нашата реномирана модна куќа ЕЛЕНА ЛУКА зачекори во нови предизвици и пријателства.
Уникатните креации на брендот ќе патуваат дури до Шпанија, а ќе ги носат нашите претставници на детскиот евровизиски натпревар Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски.
Комплетниот стајлинг за сценскиот настап, како и за сите сцени снимени во видео спотот за претставничката песна е на ЕЛЕНА ЛУКА.
Ана ќе носи блејзер во магента боја инспириран од рок и поп културата, со детали од светкави камчиња на рамениците и краевите. Ова парче е комбинирано со црно туту здолниште и тесни магента хеланки и дополнето со трендовски високи глитер чизми кои имаат шарени детали.
Алексеј пак е облечен во модерна и урбана креација – долга, темна капут/јакна, со постава во магента боја под која има темна маичка и тесни црни фармерки со искинати детали на колената. Фармерките ги дополнуваат синџири како аксесоар, додавајќи уникатен стилски момент.
Ана и Алексеј со песната „Маратон” на сцена ќе застанат на 16-ти ноември во Мадрид.
Директен пренос од спектакуларното шоу кое го подготвуваат домаќините ќе има и на програмите на Македонската радио-телевизија.
ЕЛЕНА ЛУКА секогаш ги поддржува младите уметници, а доказ за тоа е оваа прекрасна соработка.
Им ја посакуваме сета среќа на натпреварот во Шпанија.
Photo: Instagram