Моќта на елеганцијата дојде до израз преку последното појавување на Меган Маркл на црвениот тепих на галата „Пејли Хонорс“ во Беверли Хилс – годишна прослава за оние кои дале значителен придонес во медиумите во текот на 2024 година.
Меган беше облечена во фустан без презрамки на Оскар де Ла Рента и суптилен дијамантски ѓердан на Логан Холовел. Таа носеше нараквица од Картие и сандали на Стјуарт Вајцман, еден од најпознатите дизајнери на чевли кој е познат по својот ексклузивен стил и софистициран дизајн во комбинација со ретки и единствени материјали.
Црниот фустан беше вистинскиот избор за присуство на свечен, софистициран, настан кој има многу поголема тежина од привлекување погледи.
Маркл на црвениот тепих се појави во својство на претставник на комитетот на фондацијата Пејли, именувана по Тајлер Пери – актерот, писателот и продуцентот кој на Меган Маркл и принцот Хари им ги дал клучевите од неговата вила во Беверли Хилс, кога тие првпат се преселиле во САД во Јуни 2020 година.
Source: Vogue.co.uk