International Summer School "Curating in Context" from August 25 to 31 in Struga

Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ се враќа во своето четврто издание, нудејќи уникатна платформа за реобмислување на кураторските практики во современата уметност и пошироко. Во организација на Локомотива, а курирана од Билјана Тануровска-Ќулавковски , овогодинешната програма ќе се одржи од 25 до 31 август 2024 година во Струга.

Овогодинешното издание брои 7 учесници кои ќе се вклучат во серија работилници, предавања и колаборативни проекти.

Школата оваа година нуди простор за реобмислување на кураторските практики надвор од организираните дисциплини на знаење, каде што уметничките, социо-политичките, економските, еколошките и културните контексти можат повторно да се замислат. Исто така, оваа година школата го нагласува размислувањето преку различни призми на интерсекционалност, феминизам, екологија и екотопија (екоутопија), меѓу другото, кои бараат различни начини на размислување, рефлексија и пристапи, создавајќи различни кураторски практики.

Програмата ќе содржи предавања, работилници, менторски сесии и работа на развој на кураторски идеи и тоа: Кураторски плуралитети со Биљана Тануровска-Ќулавковски (MKD), Размислувајќи заедно за политичкото и кураторското: Афект, рационалност и перформативност со Славчо Димитров (MKD), Засевање и берба на утопии со Елена Коровин (DEU), Југословенско наследство, сомоорганизирање и курирање: Лекции од друг свет со Маријана Цветковиќ (SRB), Учење од руралното: Соработката како феминистички кураторски метод од Каталин Ердоди (AUT/HUN), Феминистички и екофеминистички дискурси и практики во современата уметност од Сузана Милевска (MKD) и уметнички размени со Викторија Илиоска (MKD/DEU)/Курирање иднини преку изучување ужас и Филип Јовановски (MKD)/Градот е јавност.

Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ 2024 година е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Гете институт – Скопје, Фондацијата Хајнрих Бол и Performance Situation Room/LLB 3 проектот поддржан од Креативна Европа.

Паралелно со летната школа, Локомотива ќе биде домаќин и на Модуларното училиште, организирано во соработка со Номад танц академија Хрватска со која учесниците ќе имаат размени. Модуларното училиште е програма фокусирана на полето на изведувачките уметности и современиот танц, обединува 5 учесници кои ќе се вклучат во збогатена размена на идеи и практики со учесниците на летната школа. Учесниците на Модуларното училиште ќе организираат дневни сесии за работа на телото и споделување на нивните кореографски и перформативни практики, заедно со присуство на некои од предавањата. Дополнително, тие ќе организираат отворено предавање за сите заинтересирани присутни во Струга. Соработката има за цел да ги прошири перспективите на двете групи, поттикнувајќи ги интеракциите помеѓу уметниците и културните работници од различни потекла, генерации и искуства.

Покрај работилниците и предавањата, учесниците ќе се вклучат во колаборативни проекти, индивидуална работа и посети на културно значајни места како што е селото Вишни , во организација на ИНКА – Иницијатива за независен културен активизам.

 

 

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish