Novak Djokovic on the cover of VOGUE Adria

На насловната страница на петтиот број на VOGUE Adria, се најде најдобриот тенисер на сите времиња – големиот Новак Џоковиќ.

Во екот на летото кое ќе биде исполнето со спортски настани пред сѐ заради претстојните Олимписки игри во Париз, сите насловни страници на VOGUE се претежно резервирани за големите спортски имиња. Така, не изостана и VOGUE Adria, а на нивната насловна страница се најде најдобриот во светот на тенисот – Новак Џоковиќ.

Покрај големото интервју кое може да го прочитате, од магазинот изготвија и втора варијанта на насловната страница, но прикажаа и трета – лимитирана верзија, а сите може да се купат на нивниот сајт.

За потсетување, во моментов се одржува големиот и најстар тениски турнир во светот – Вимблдон, каде што Новак Џоковиќ се пласираше во полуфиналето и денес ќе игра меч од оваа фаза против Италијанецот Лоренцо Мусети.

 

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish