Од мноштвото прекрасни места што вредат да се посетат во зимскиот период, денес го одвојуваме местото Алпска Васица.
Ова бајковито алпско село се наоѓа во Словенија, на падините на популарниот ски центар Крањска Гора.
Тука ќе најдете вистинска зимска магија за сите возрасти, плоштад со црква, мали улички, голем број на осветлени и украсени дрвја, куќарки со богата празнична понуда…
Ќе можете да уживате во домашни јадења, да дегустирате варено вино, топла чоколада и голем број на вкусни готвени оброци.
Алпска Васица е место каде снегот го има речиси преку целата зима, а освен дневните прошетки по снежната идила, навечер градот нуди богата забава со разни музички настапи.
Па, доколку патот се носи накај Словенија, наш предлог е токму ова бајковито место.
Photo: Instagram