Favorite fall piece – the timeless coat

Мантилите и есента се модна приказна која трае долго време.

Сезоната пред нас не можеме да си ја замислиме без ова парче облека коешто покрај практичноста, со себе носи и еден многу важен естетски момент.

Тие ни даваат доза на моќ, на елеганција, чувство на комоција и можност за безброј комбинации.

Мантилите се одлична спојка со џинс, панталони, здолништа од секаков крој. Ги носиме со кошули, ролки, патики, балетанки, чизми и потпетици.

Се прилагодуваат на секоја прилика, баш онака како што налага есенското време.

И токму затоа се едни од омилените и незаменливи парчиња од гардероберот на секоја дама.

Беж, маслинесто зелени, црни, сиви… мантилите што ќе ги гледаме и оваа есен.

Фото:Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish