Понеделнички стартуваме со комбинезон со мермерен дезен во темно сина боја.
Комбинезонот, којшто има мал отвор во предниот дел и ги истакнува рамената, е пример за одлично решение само со едно парче облека.
Како додаток имаме црн ремен, којшто наликува на јаже. Стајлингот го дополнуваме со црни сандали на платформа и финишираме со мини сребрена чанта.
Имајте успешен старт на неделата.
Photo: Pinterest