Таа важи за една од најпознатите и најуспешни актерки во Холивуд, а позната е и по својот софистициран стил, којшто можеме да го ставиме во групата “тивок луксуз”.
Оскаровката Гвинет Палтроу е родена на 27 септември пред точно 52 години, во Лос Анџелес, Калифорнија.
Со оглед на тоа дека била дете на познати родители, на коишто и самиот Спилберг им бил фамилијарен пријател, нејзиниот пат кон славата не бил тежок.
Палтроу се прослави со улогите во Emma и A Perfect Murder, а оскарот го доби во 1998- ма за нејзината улога во Shakespeare in Love.
Во 2003 се омажи за пејачот Крис Мартин од Coldplay, а следната година ја добија ќерката Епл. Две години подоцна станаа и родители на момче, Мојсеј.
Гвинет и Крис се разделија во 2014, а актерката се омажи по втор пат за телевизискиот сценарист Бред Фалчук во 2018-та.
Секое нејзино појавување на црвениот тепих е поим за елеганција и префинетост. Може да се каже дека пастелно розовата и белата се нејзини омилени бои, но знае да се појави и во црни креации.
Препознатлива е по долгата руса коса, стил кој го негува со децении, a неретко во медиумите се пишува за нејзината ригорозна диета и нетипични навики.
Денес посветуваме мини галерија во чест на нејзиниот роденден.
Photo: Pinterest