Six healthy foods that will help you lose weight

Многумина тешко успеваат да останат сити и да изгубат килограми.

Тоа се чини и речиси невозможно, но експертите кажуваат друго.

Постојат одредени намирници коишто се прилично моќни во борбата против килограмите, а доброто е што можеме да ги купиме секаде и нема да не чинат многу.

За некои од нив не е потребно никакво готвење, а освен губење на килограми го продолжуваат и животот.

Содржат здрави масти, растителни влакна и немасни протеини коишто се многу потребни за правилно функционирање на нашиот организам.

Еве кои се тие…

Туна

Една конзерва туна содржи доволно протеини, витамини B3 и D калциум и магнезиум за да нè задоволи ако ја конзумираме како оброк.

Јогурт

Јогуртот е богат со протени, витамини B12, B2, калциум и форсфор, но и добри бактерии што го помагаат варењето.

Леќа

Одличен избор на железо, магнезиум, фосфор, цинк, протеини и B витамини.

Грав 

Слично на леќата и гравот ги содржи гореспоменатите витмини и минерали, а богат е и со фолати.

Јаткасти плодови

Тие имаат веќе докажана енергетска моќ, богати се со влакна, добри масти и протеини па затоа и треба да го конзумираме во одредена количина.

Семки 

Чиа, ленено семе, семки од тиква, од сончоглед и слично имаат голема нутритивна вредност и здрави масти па затоа е добро да се вклучат како додаток во салати или овошни миксови.

Photo: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish