What marked the black carpet of the MTV VMAs 2024

Иако оваа година MTV наградите се одржаа со еден ден задоцнување, сепак фановите и сите кои посведочија на настанот беа воодушевени.

Црвениот, или во овој случај, црниот тепих, беше исполнет со интересни модни решенија, од коишто поголемиот дел оддадоа почит на минатото.

Ѕвездите од музичката индустрија и ред други лица од елитата се собраа во UBS арената во Њујорк со цел да се забавуваат, но и да се прикажат во најдобро светло.

Настанот којшто годинава се одржува по 40-ти пат, низ децениите го одбележуваа голем број на екстравагантни креации.

И како што Мадона остави траен печат на првите MTV награди со настапот во невестински фустан, така годинава неколку ѕведи и оддадоа почит токму на кралицата на поп музиката.

Една од нив беше Сабрина Карпентер која се појави во винтиџ Боб Меки фустан, којшто го носеше Мадона на Оскарите во 1991 година.

Тејлор Свифт, која повторно ја докажа својата доминација на музичката сцена, беше облечена во креација на Диор и потсетуваше на Шер од легендарниот филм Clueless од 90-те.

Се прошетаа и неколку модни решенија во готски стил, а повторно го видовме и Версaче фустанот со којшто Елизабет Харли ги сврте погледите во 1996-та.

Во продолжение дел од галеријата.

Фото: AP Images, Getty

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish