Jeans combinations for a nice weekend

Ако постои парче облека што го носиме речиси сите тоа дефинитивно би биле фармерките.

Класичните кроеви се безвременски, а одвреме навреме наидуваме на некој тренд како широки, тесни, џинс со низок струк, перфорирани и слично.

Боите се најчесто познатите варијации на сина, со мала доза на црни, бели, тонови на беж или некои други пастелни нијанси.

Џинсот го носиме во секое годишно време. Она што се менува се останатите парчиња облека. Можеби една од најпопуларните комбинации е фармерки и бела маичка, односно кошула.

Тука се и спојките џинс со џинс, а кога сакаме малку да внесеме разиграност додаваме боја или одреден дезен.

Уште една безвременска спојка се џинсот и патиките, но доколку приликата е малку посвечана друштво им прават потпетиците и сандалите.

Нашата галерија со викенд џинс комбинации е тука за идеите.

Инспирирајте се!

Photo: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish