George Clooney and Brad Pitt in a joint photoshoot for GQ

Двајцата добри пријатели, Бред Пит и Џорџ Клуни, својот безвременски шарм го пренесоа на септемвриската насловна страна на магазинот GQ.

Пит и Клуни кои се пријатели веќе 30 години, не ги криеја своите искрени емоции пред камерата.

Иако веќе не се во цутот на младоста тие и понатаму остануваат на листата најзгодните холивудски актери, а нивната спонтаност и харизма го докажуваат тоа.

Поводот за заедничката фотосесија е нивниот нов филм, наречен “Wolfs” којшто ќе ја има својата премиера во септември.

Двајцата актерски великани повторно ќе се сретнат на големото платно по 16 години.

Во интервјуто за магазинот Клуни и Пит зборуваат за нивното пријателство и одговараат на прашањето дали некогаш постоело ривалство помеѓу двајцата.

Фотосесијата е направена во вилата на Бред Пит во Миравал, Франција, којашто ја купи заедно со Анџелина Џоли во 2011.

За потребите на едиторијалот актерите се облечени во модели на Том Форд.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish