Во последната деценија, градежната индустрија се наоѓа под притисок на две паралелни сили, потребата за поголема одржливост и барањето за материјали со поголема издржливост, помала тежина и подолг животен век. Во овој контекст, графенот, материјал...
Иако сè уште не е масовно применет во класичното градежништво, научните истражувања и пилот-проектите укажуваат дека графенот би можел суштински да ја промени формулата на бетон, челик и композитни материјали.
Она што го прави уникатен е комбинацијата од својства кои ретко се среќаваат заедно односно екстремна цврстина (околу 200 пати посилен од челик), висока флексибилност, одлична електрична и термичка спроводливост, минимална тежина.
Инженерите од ова поле истакнуваат дека графенот делува како „микро-арматура“, пополнувајќи ги празнините во структурата на бетонската смеса и ја прави покомпактна и постабилна.
Според инженерски анализи од индустриски истражувачки центри, дури и мали подобрувања во издржливоста можат да имаат огромен ефект на глобално ниво.
Според дел од материјалните инженери, технологијата се наоѓа во фаза помеѓу лабораторија и индустрија каде потенцијалот е голем, но практичната примена сè уште се гради.
Но патот од лабораториски експеримент до масовна примена е долг. Како што често се случува во инженерството, вистинската револуција не се случува со откривање на материјалот туку со неговото усовршување и прилагодување на реалниот свет.