Кејт Мидлтон на светскиот ден на ракот: Негуваjте сè што е надвор од болеста

По повод Светскиот ден за борба против ракот – 4 февруари, принцезата Кејт Мидлтон, која минатата година храбро се соочи со оваа болест, сподели емотивна порака и моќна фотографија направена од нејзиниот син, принцот Луис.

На сликата, принцезата е прикажана насмеана во природа – симбол на надеж и сила. Во својата порака на социјалните мрежи таа ја нагласува важноста не само на медицинскиот третман, туку и на емоционалната поддршка, љубовта и вербата во животот:

„Не заборавајте да негувате сè што е надвор од болеста. #СветскиДенНаРакот“

Оваа лична белешка, испишана со сочувство нè потсетува дека борбата против ракот не е само медицински предизвик, туку и емотивно патување кое бара сила, поддршка и љубов.

За време на нејзината неодамнешна посета на болницата „Ројал Марсден“, принцезата Кејт искрено му се заблагодари на медицинскиот тим, истакнувајќи дека процесот на закрепнување е полн со предизвици. Таа ја сподели својата порака на надеж со сите кои се борат со оваа болест, нагласувајќи дека закрепнувањето не е едноставен – тоа е процес кој бара трпение, храброст и верба во подобро утре.

Нејзината порака е јасна, никој не е сам во оваа битка – поддршката, љубовта и надежта се подеднакво важни како и медицинската грижа.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian