Модна инспирација: Кендал Џенер во хеланки и чизми за јавање

Кендал Џенер се појави во Аспен во едноставна, но впечатлива зимска комбинација – црни хеланки и чизми за јавање. Со својот беспрекорен стил, таа уште еднаш потврди дека оваа комбинација е симбол на зимскиот шик. Нејзиното појавување во еден од најелитните ски-центри  докажа дека црните хеланки можат да бидат совршен избор за тренди и топли зимски стајлинзи.

За да го комплетира изгледот, Џенер облече црно сако со нагласен струк врз класична ролка во истата нијанса. Кафеавата крзнена капа, кожените ракавици, очилата за сонце и чантата во топла кафеава боја внесоа допир на луксуз, правејќи го стилот уште повпечатлив.

Долги години, хеланките беа резервирани за спортски комбинации, најчесто носени со патики. Но, благодарение на ѕвездите како Кендал Џенер и Хејли Бибер (која неодамна ги комбинираше хеланките со балетанки), овој удобен моден избор доби нов, елегантен изглед.

За постудените денови, пак, чизмите за јавање се единствениот вистински избор за да се носат хеланки и со нив да се постигне совршен баланс меѓу удобноста и стилот. Оваа комбинација не само што е практична за студените климатски услови, туку и е неверојатно елегантна и софистицирана.

Чизмите за јавање се модна класика што вреди да ја имате во својата гардероба, бидејќи овозможуваат лесна трансформација на секојдневните комбинации во нешто посебно.

Доколку барате инспирација за зимскиот изглед оваа сезона, комбинацијата на хеланки и чизми за јавање е проверен избор кој ќе ви овозможи да се чуствувате, но и да изгледате одлично.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian