Кога станува збор за лежерна естетика Кејти Холмс е вистинска кралица.
Нејзината автентичност и опуштеност, којашто истовремено е и шик, е вистинска инспирација за оние кои сакаат едноставен, а сепак модерен и урбан стил.
Актерката како одамна да ја има најдено фомулата за овој начин на облекување, а судејќи по парчињата што ги одбира многу е лесно да го копираме.
Кејти претпочита џинс, oversized џемпери и јакни, како и макси капути во коишто изгледа елегантно и удобно.
Фан е на неутрални тонови, а ретко умее да внесе и боја.
Актерката сака удобни чевли и најчесто одбира tote чанти.
Холмс знае дека тајната за совршена лежерна естетика е да се пронајде вистинското парче облека што ќе го истакне целиот аутфит на свој и посебен начин.
Фото: Pinterest