Модна инспирација: Мараја Кери е гламурозна дива во мини светкав фустан

Мараја Кери е вистинска дива кога станува збор за гламурозен стајлинг. Пејачката, 55, со својата последна објава на Инстаграм уште еднаш покажува дека знае да блесне во вистинско светло.

Овој пат таа ги почести своите 14 милиони следбеници со светкав, мини фустан во сребрена нијанса. Мини фустанот ги истакна облините на нејзиното тело, а Мараја реши да го спои ова парче со црна бунда.

Гламурозниот изглед таа го дополни со црни очила, оставајќи ги нејзините руси локни нежно да паѓаа на едната страна.

Пејачката од неодамна е во врска со 38 годишниот рапер Андерсон Паак, а од претходниот брак со актерот Ник Канон ги има 13 годишните близнаци Морокан и Монро.

Кери на објавата на Инстаграм напиша “Starting the new year in one direction only… going up!” порачувајќи им на фановите дека годинава ќе оди само во една насока – Нагоре!

Фото: Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian