Музејот Лувр за прв пат организира изложба посветена на модата

Познатиот музеј Лувр во Париз за прв пат во историјата на своето постоење ќе организира изложба во целост посветена на модата.

Louvre Couture: Art and Fashion ќе ги спои уметноста, историјата и високата мода на уникатен начин.

Изложбата ќе биде налик на Мет Галата односно ќе има хуманитарна цел.

Собраните средства ќе бидат искористени за финансирање на активностите во самиот музеј.

Галата вечер вклучува свечена вечера и забава којашто ќе го означи и почетокот на Париската модна недела во март.

На изложбата ќе бидат прикажани вкупно 71 креација од високата мода, како и 30 модни додатоци. Истите ќе бидат во склад со уметноста и декорот во самиот музеј.

Модната изложба ќе биде поделена во седум различни епохи, како на пример Византија и Средниот век.

Списокот на модните куќи коишто ќе учествуваат е импресивен.

Вкупно 45 дизајнери ќе изложат свои креации, вклучувајќи ги Dior, Chanel, Jacquemus, Iris Van Herpen, Alexander McQueen, Loewe, Balenciaga и Mugler.

Изложбата ќе трае од 24 јануари до 21 јули.

Фото: Louvre

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian