Нашата Татјана Јанушева во ексклузивен едиторијал за реномираниот L’ OFFICIЕL

Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева  која позади себе веќе има голем број на кампањи и едиторијали за светски дизајнери се појави во модниот едиторијал за светското модно списание L’ Officiеl – Балтик .

Во едиторијалот е насловен како “ DOLLY DREAMS”  кој беше направен во Мадрид со познатиот моден фотограф Алфи Гомез, Тати- како што ја нарекуваат Татјана покажа зошто е една од најбараните модели на светско ниво.

„Убавината и талентот на Јанушева веднаш го препознаа од светската и реномирана модна агенција  NEXT Management која пак одлично ја застапува на интернационално ниво . Тати е вистински пример за една успешна модна приказна на која сме многу горди и нескромно среќни за нејзините светски достигнувања.“- велат од матичната агенција – Моделс ИН .

Тати веќе неколку години работи како интернационален модел и беше дел од повеќе кампањи за Miss Sixty, Champion, Stradivarius, Tally Weijl, Prada и Gucci.

Повеќе фотографии од едиторијалот се достапни тука:

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian