Објавен е официјалниот портрет на првата дама на САД, Меланија Трамп, кој го претставува нејзиниот карактеристичен стил – комбинација на елеганција, самодоверба и модна префинетост. Фотографијата е направена од белгиската фотографка Реџин Махо, долгогодишен соработник на семејството Трамп.
Фотосесијата се одржала на 21 јануари 2025 година во една од свечените простории на Белата куќа, каде што Меланија позира потпрена на маса.
2025
„Голема чест е да фотографирам жена со толкава харизма и стил. Таа е перфекционист и секогаш бара совршенство во секој детал,“ изјави Реџин Махо за ББС, додавајќи дека ова не е прв пат да соработува со првата дама. Во 2017 година таа го сними и нејзиниот прв официјален портрет.
2017
На портретот, Меланија носи сако од Долче и Габана со беспрекорен крој, кој ја истакнува нејзината фигура и софистициран моден вкус. Црната боја, симбол на моќ и елеганција, е комбинирана со бела кошула која суптилно ја надополнува целината. Сакото е дел од ексклузивната колекција на брендот, нагласувајќи ја нејзината посветеност на високата мода. Карактеристично е тоа што на фотографијата Меланија не носи никаков накит.
Нејзиниот изглед е завршен со совршено обликувана коса и природна шминка со акцент на нејзините карактеристични темни очи.
Стилистите кои стојат зад оваа фотосесија сакале да создадат изглед кој ја одразува елеганција, префинетост и независност.