Убавата и негувана коса е вистински украс за секоја жена. Токму затоа често сме во потрага по разни серуми и третмани коишто неретко знаат да чинат многу и да содржат и штетни хемикалии.
За среќа природата секогаш има подобар начин, како на пример овој напиток, кој не само што е вкусен туку и е и одличен за вашата коса.
Овој сок се подготвува брзо, целосно е природен, а по кратко конзумирање ќе се уверите во неговото дејство.
Што ви е потребно?
- Еден портокал
- Едно јаболко
- Еден морков
- Мало парче ѓумбир (1cm)
Излупете ги сите состојки и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во блендер или соковник. Ако користите блендер додадете и малку вода. Доколку сакате побистар сок, процедете ја смесата низ цедалка или газа и конзумирајте го сокот свеж.
На овој начин истовремено добивате витамин Ц, којшто е клучен за производство на колаген. Јаболкото е полно со антиоксиданти коишто спречуваат косата да се оштети, а морковот ни дава витамин A којшто пак помага за хидратација на скалпот. Ѓумбирот го има завршниот збор – тој е одличен за подобрување на циркулацијата.
Доволна причина за овој природен напиток да ви стане утрински ритуал.
Фото: Pinterest