Селена Гомез во елегантен стајлинг на првото јавно појавување по свршувачката

Викендов, Селена Гомез за првпат се појави во јавност откако ја објави својата свршувачка со музичкиот продуцент Бени Бланко.

Ѕвездата беше забележана во Лос Анџелес пред театарот Хармони голд, облечена во елегантна комбинација – долг црн мантил, над црна кадифена сукња и бела кошула. Нејзиниот изглед го надополни со црни чевли со отворена пета, сребрени прстени и усогласени обетки, додека впечатливиот црвен кармин ѝ додаде доза на смелост.

Она што привлекуваше внимание беше отсуството на нејзиниот свршенички прстен со дијамант.

Гомез ја сподели веста за свршувачката порано минатата недела преку емотивна објава на Instagram. Галеријата вклучуваше блиска фотографија од прстенот, романтична прегратка со Бланко и момент од пикник каде таа носи  бел капут.

Објавата ја заврши со зборовите: „вечноста започнува сега…“

Фото: Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian