Иако веќе 13 години не е меѓу нас, Александар Меквин и понатаму останува еден од омилените модни дизајнери.
Тоа го покажува и фактот што дел од неговите скици и фотографии се продадени на аукција за 20.000 фунти.
Меквин беше моден бунтовник, но и уметник кој беше пред своето време.
Со своите колекции тој ги отсликуваше социјалните и општествени промени, но и сопствените емоции низ коишто поминуваше.
Александар познат и како Ли, ги одбележи доцните 90-ти и раните 2000-ти на начин што засекогаш ќе остане запаметен.
Тој зад себе остави легендарна модна архива и токму затоа е именуван како фаворит меѓу дизајнерите.
Меѓу продадените предмети има папки со 54 оригинални скици, полароид фотографии фитинзи и неколку приватни фотографии од неговите одмори.
Фото: Pinterest, Kerry Taylor Auctions