Заврши конкурсот за најдобра скица за матурски фустан на ЕЛЕНА ЛУКА, утре ќе биде прогласен победникот

Конкурсот за најдобра скица за матурски фустан на ЕЛЕНА ЛУКА во Струмица е завршен, а утре следи долгоочекуваното прогласување на победникот. Конкурсот започна на 1 декември 2024 година и траеше сѐ до денес, 31 јануари.

Заинтересираноста за учество на овој конкурс беше огромна. Пристигнаа скици од голем број матуранти кои преку нив ги покажаа своите креативни вештини и љубовта кон модниот дизајн. Утре сите учесници ќе добијат благодарници за нивното учество, најдобрите ќе бидат наградени со пофалници, а победниците со вредни награди.

„Прогласувањето за најдобро изработена скица за матурски фустан ќе се одржи утре во 12 часот во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во Струмица.Сите пријавени учесници можат да присуствуваат на прогласувањето за најдобра скица за матурски фустан и да уживаат во ова инспиративно патување.“- информираат од ЕЛЕНА ЛУКА.

Со организирањето на овој настан, ЕЛЕНА ЛУКА ја поттикнува креативноста и иновацијата кај младите, нудејќи им одлична можност за креативно изразување и демонстрација на својот талент.

Ивана Вангелова

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian