На 82-то доделување на Златните глобуси, Зендаја беше несомнено една од главните ѕвезди на вечерта, привлекувајќи го вниманието со својата елеганција и изненадувачки вести.
Додека добитниците на наградите се веќе познати, медиумите не престануваат да зборуваат за она што го украде шоуто – свршувачката на Зендаја и Том Холанд. Актерката блесна во раскошна портокалова креација на Луј Витон, комбинирана со обемен, елегантен барокен боб, совршено стилизиран од Кори Морено. Но, тоа што најмногу ги привлече погледите беше огромниот дијамантски прстен на нејзината лева рака.
Според светските медиуми, Том ја запросил Зендаја во интимна атмосфера помеѓу Божиќ и Нова година, без присуство на пријатели или семејство.
Дополнителна причина за возбуда кај фановите беше новата тетоважа на актерката – суптилна буква „Т“. Иако не ја потврдија официјално свршувачката, прстенот и деталите јасно говорат сами за себе.
Зендаја и Том Холанд се запознаа на снимањето на Spider-Man: Homecoming во 2017 година, а својата врска ја потврдија во 2021 година. Со оваа свршувачка, двојката го подигна својот однос на едно ново ниво и предизвика еуфорија во Холивуд.