Блескаво гламурозен зелен тепих на хуманитарната гала Baby2Baby

Холивудските ѕвезди се собраа на уште еден гламузорзен тепих, овој пат во зелена боја, во чест на хуманитарната организација Baby2Baby чија што цел е да собере средства за деца на коишто им е потребна поддршка.

На настанот се појавија голем број на познати личности од светот на филмот, музиката, модата… коишто несебично донираа дел од своите средства.

Помеѓу нив беа Џесика Алба, Хајди Клум, Шарлиз Терон, Миранда Кер, Кејти Пери, Џенифер Гарнер, Парис Хилтон и други.

Доминираа безвременските црни бели тоалети, коишто ја истакнуваа женственоста кај секоја од дамите на посебен начин.

Дел од ѕвездите се решија за светкави изданија во пастелни нијанси, а имаше и неколку посмели креации во црвена и виолетова боја.

На галата секоја година се доделува почесно признание, а овој пат честа и падна на Шарлиз Терон за нејзината несебична работа со ранливите жени и девојки во Африка.

Одличен спој на хуманост, силни дами и блескави модни решенија.

 


Фото: Getty (Facebook-Extra)

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian