Викенд рецепт – подарете малку љубов

Денешниот викенд рецепт е како создаден за празнична атмосфера. Секогаш е добро да се подари љубов, а уште поубаво кога таа има вкус на слатко колаче.

Кога сакаме нешто да направиме најчесто предност им даваме на едноставните рецепти, а еден таков од само пет состојки, ви носиме во продолжение.

За овие колачиња со мотив срце ќе ви треба:

  • 300 грама брашно
  • 200 грама путер
  • 100 грама шеќер во прав
  • 1 јајце
  • џем по желба

Изматете го шеќерот во прав и путерот, а потоа додадете го јајцето. Во добиената смеса ставете го брашното и месете се додека не добиете глатка смеса.

Потоа расукајте го тестото и со соодветен калап исечете кружни форми. Во секој круг направете облик срце (можете да употребите и прибор за јадење).

Вдлабнатото срце исполнете го со џем по желба. Печете ги колачињата во рерна на температура од 180 степени, околу пет минути.

Фото: Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian