Вода за хидрираност и енергија на високи температури

Во лето, кога температурите се многу високи како сега, најважно е да останеме хидрирани. Хидратацијата е клучен фактор за да успееме да функционираме нормално, но и да имаме доволно енергија за сите активности кои треба да ги завршиме.

Ќе ви предложиме еден многу лесен рецепт за освежителна вода која ќе придонесе да се чувствувате енергично и полесно да ги поминувате топлите денови.

Знаејќи дека на многу луѓе им е многу тешко да ја вклучат водата во дневните навики, можеби ваквата вода со вкус ќе им биде полесна варијанта.

Сѐ што ви е потребно се лимон, лимета, нане и мраз. Во чаша, бокал или шише вода додадете лимон и лимета исечени на кругчиња, а количината зависи од количината на вода. Кога се вкусови во прашање, некој можеби сака покисело, па слободно додадете повеќе парчиња. Ставете мраз по желба, и додадете ливчиња нане, што значително ќе го збогати вкусот и ќе додаде на онаа потребна свежина. Освен тоа што ќе ве освежува и хидрира, овој пијалок ќе го подпомогне и вашето здравје со многуте витамини кои ги содржат намирниците, како и високите дози на антиоксиданти.

На здравје!

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian