Еве кои намирници се заслужни за долговечноста

Храната е од исклучително значење за здравјето на луѓето. Затоа треба да бидеме добро запознаени со нејзината нутритивна вредност.

Одредени намирници можат да бидат и лек, па дури и да ни го продолжат животот.

Токму на таа тема зборува и еден документарец на Нетфликс, наречен Netflixu Live to 100: Secrets of the Blue Zones, којшто открива што јадат 100 годишниците за да го доживеат фамозниот трицифрен број.

Еве во кои намирници лежи тајната.

Мешунки

Леблебија, грав, грашок без разлика за која мешунка станува збор сите се многу важни за здравјето. Влакната коишто ги содржат го регулираат нивото на холестерол и шеќер во крвта.

Маслиново масло

Маслиновото масло содржи витамин e E и K, богато е со антиоксиданти и спречува воспалителни процеси во телото.

Јаткасти плодови

Сите јаткасти плодови како ореви, лешници, индиски ореви, бадеми се полни со минерали, витамини и антиоксиданти и се голем извор на протеини.

Чај

Чајот е одличен за здраво, срце, мозок и подобрување на метаболизмот. Затоа потрудете се да го вклучите во секојдневната рутина.

Морска храна

Морските плодови и рибата се одличен извор на протеини и брзо заситуваат. Оваа храна е богата со омега 3 масни киселини коишто се од исклучителна важност за здравјето.

Леб од цело зрно

Добро позната е нутритивната вредност на лебот од цело зрно. Тој изобилува со влакна, минерали и Б витамини. Затоа уште денес ставете го на менито.

Сладок компир

Освен што има одличен вкус, тој е богат со витамини А, Ц и калиум.

Куркума

Куркумата содржи бројни фитонутриенти коишто се важни за долговечноста. Овој зачин го намалува воспалението во телото и помага за добра работа на мозкот.

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.