Ексклузивно: Fashionel во бекстејџот на новогодишната фото-сесија на ЕЛЕНА ЛУКА

Екипата на Fashionel имаше ексклузивна можност да влезе во бекстејџот на празничната новогодишна фото-сесија на ЕЛЕНА ЛУКА. Во амбиент исполнет со креативност и позитивна енергија, моделите блеснаа во креации што ја доловуваат суштината на празничниот дух – радост, надеж и исчекување на новите почетоци.

„Подготовката за празничната фото сесија е секогаш магичен процес. Нашата инспирација доаѓа од топлината и радоста што ги носи празничниот дух. Секое парче од колекцијата е дизајнирано да раскажува приказна за свеченост, елеганција и моменти на радост што ги славиме со нашите најблиски. Во оваа сесија се обидовме да создадеме атмосфера која ја спојува класичната празнична естетика со современиот стил, со цел да го доловиме духот на празниците на најубав можен начин,“ изјави ЕЛЕНА ЛУКА.

Можност да ја доловат магијата на празничната новогодишна фото-сесија на ЕЛЕНА ЛУКА имаа моделите Клара Милошевиќ и Марија Петковска.

„Навистина уживаме! Празничната колекција на ЕЛЕНА ЛУКА е неверојатна. Не само што изгледа современо и елегантно, туку и се чувствуваме комфорно. Фотосесијата овозможи да ја почувствуваме празничната атмосфера на најубав можен начин,“ истакнаа Клара и Марија.

Празничната фото-сесија на ЕЛЕНА ЛУКА ја раскажува приказната на две пријателки кои, облечени во совршени новогодишни аутфити, ја слават радоста, дружбата и возбудата што ја носи магијата на новогодишната ноќ.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian