FASHIONEL.mk е најчитаниот моден е-магазин во Македонија, кој нуди секојдневни информации за модата, стилот и домашната дизајнерска сцена, информира, едуцира и инспирира... Акцентот е ставен на најдоброто од македонската дизајнерска сцена со желба за анимирање на сите сегменти и субјекти од домашната мода.
FASHIONEL.mk третира сѐ она што е во фокусот на модата – секојдневни вести од македонската модна сцена, но и регионалната и светската, едукативни текстови од областа на историја на мода, дизајнерски профили, редовно следење на тековните тенденции, рапорти од модните писти, ревизија на најдобрите модни едиторијали, профили на фотографи, модели, шминкери, стилисти, модни уредници и други професионалци од модата, приказни за негување и дополнување на стајлингот со шминка и фризура, основни лекции за облекување и шопинг, стории за најпознатите модни брендови, а посветува внимание и на венчалните фустани, свадбените модни додатоци и советите за организирање на вашата свадба. Тимот на fashionel.mk го открива и модниот стил на познатите личности, го следи ритамот на уличната мода, советува и нуди „направи-сам" предлози, но го оценува и имиџот на славните.
Ова е простор за сите вљубеници на модата без оглед на нивната возраст, пол и професија. Заедничко им е тоа што ги поврзува интересот за мода!