Иако пред два месеци наполни 60 години, Моника Белучи продолжува да биде дефиниција за сексапил.
Италијанската актерка деновиве го промовира филмот Beetlejuice 2, зад чијашто режисерска палка стои нејзиниот партнер, режисерот Тим Бартон.
Покрај обврските со филмовите, таа постојано соработува со најдобрите магазини и се појавува на многу насловни страни и фотосесии. Така Белучи се најде и на насловната на Elle China, за којашто многумина се согласија дека е една од најдобрите и најпровокативните досега.
Моника позира во различни сензуални стајлинзи коишто и ја истакнуваат одличната фигура и облините – кафено црни комбинации преточени во проѕирни фустани, длабоки деколтеа, високи шлицови, мрежести хулахопки…
Во нејзин стил Белучи заводнички позира од секој агол, а камерата едноставно ја сака. Освен со нејзината природна убавина, актерката зрачи и со неверојатна самодоверба и покажува зошто продолжува да биде една од најимпресивните жени во филмот и модата.
Фото: Instagram