Најдоброто од црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал

Венецискиот филмски фестивал којшто годинава се одржува по 81-ви пат стартуваше на 29-ти август, а ќе трае се до 7-ми септември.

Отворањето го одбележа премиерата на филмот Beetlejuice , а главните протагонистки Џена Ортега, Винона Рајдер и Моника Белучи доминираа на црвениот тепих во црвено црни комбинации.

Наградата за животно дело ја прими легендарната Сигурни Вивер, а уште еден филм кој се најде во центарот на вниманието беше Joker: Folie à Deux каде главните улоги ги играат Лејди Гага и Хоакин Феникс.

Помеѓу останатите гламурозни креации, фановите ги воодушевија и Анџелина Џоли, Никол Кидман, Кејт Бланшет…

Холивудскиот крем и филмската елита чекореа облечени во Шанел, Диор, Армани, Оскар де ла Рента, Баленсијага…а ова се дел од најдобрите изданија на 81-от Венециски филмски фестивал.

Фото: Facebook, Getty, Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian