Доколку припаѓате на групата дами со пониска градба тогаш денешните стилски совети се токму за вас.
Неретко посакуваме да имаме некој сантиметар плус, да изгледаме повисоки и за среќа, со неколку стилски трикови тоа може лесно да се постигне.
Потенцирајте ја половината со ремен
Пониските дами можат визуелно да го издолжат своето тело ако ја потенцираат половината со ремен. Без разлика дали носите фустан, панталони или фармерки овој мал трик ќе направи нозете да ви изгледаат подолги. За подобар ефект одберете тенок ремен којшто е полегантен.
Потпетици со шпиц и мини
Ако се одлучите да носите мини здолниште или фустан тогаш одберете потпетици со шпиц. Тие ќе го насочат вниманието надолу, а тоа ќе ја направи вашата фигура поиздолжена. Доколку пак преферирате сандали одбегнете ги оние што имаат ремче околу глуждот.
Панталони над глужд и висок струк
Кропираните панталони, оние малку над глуждот исто така визуелно додаваат некој сантиметар плус. На ова се приклучуваат и парчињата облека со висок струк коишто покрај акцентирање на половината го издолжуваат и телото.
Монохроматски стајлинг
Пониските девојки и жени треба да практикуваат монохроматски комбинации. Тоа може да биде едно парче облека и добра спојка од повеќе. Ова го збунува окото, што не е случај кога носите различни бои коишто пак имаат тенденција визуелно да го скратат торзото
Фото: Pinterest