За овој петок подготвивме елегантна претпразнична комбинација. Пред викенд предложуваме беж здолниште коешто го спојуваме со црна ролка.
На овие две парчиња додаваме макси капут во сино-зелена нијанса и беретка во иста боја.
За мала разиграност внесуваме бордо чизми на потпетица и бордо чанта.
Ви посакуваме убав ден.
Фото: Pinterest