Пејачката Пинк вчеравечер имаше настап во склоп на Демократската Национална Конвенција (Democratic National Convention) како дел од програмата за претстојните претседателски избори во САД во ноември. Но таа не настапи сама, туку имаше специјален гостин – нејзината 13 годишна ќерка Вилоу Сејџ Харт.
Вилоу Сејџ Харт ѝ се придружи на сцената во Чикаго во United Center за заедно да ја изведат хит песната на Пинк „What About Us“. И исто како и нејзината мајка, се покажа дека и Вилоу има неверојатен глас и талент.
Пинк и Вилоу беа облечени скоро идентично, носејќи црни аутфити надополнети со сребрени ремени и детали, и црни чизми. Овој посебен настап го направи особено емотивен и прегратката која мајката и ќерката си ја споделија на крај.
Фото: Getty Images