Уште една бајковито бела приказна со потпис на eNVy room

Познатото хрватско дуо Никица Иванчевиќ и Вјеко Франетовиќ, кое што стои зад модниот бренд eNVy room, ја претстави својата нова колекција на венчаници.

Колекцијата го дефинира непретенциозниот гламур, безвременската елеганција и женственоста, преку длабоки шлицови, разголени грбови, транспарентни материјали…

Оваа бела бајковита приказна е дополнета со предимензионирани панделки, романтични набори и интересни текстури како еко пердуви и сјани кристали.

Колекцијата венчаници нуди избор за секој тип на невести, за оние кои сакаат повеќе раскош, но и за тие кои преферираат едноставност.

Свилен сатен, креп, жакард со флорални или апстрактни мотиви се избор на дизајнерите кога станува збор за материјали.

Погледнете како сето тоа изгледа.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.