Црвениот тепих на Governors Аwards

Governors Awards се своевиден претходник на Оскарите и уште еден блескав момент холивудските ѕвезди да се покажат во најдобро светло.

Церемонијата што се одржа викендов ни подари уште еден гламурозен црвен тепих достоен за филмските великани.

Настанот којшто секоја година го организира американската академија на науките и уметностите им оддава почит на актерите за нивните филмски достигнувања.

Се појавија голем број на славни имиња како Деми Мур, Никол Кидман, Хју Грант, Кевин Констнер, Џенифер Лопез, Џулиен Мур…

Секој од нив заблеска во одличен стајлинг, но онаа која најмногу го привлече вниманието беше Џенифер Лоренс која за прв пат јавно се појави со трудничкиот стомак.

Не изостана и Анџелина Џоли којашто го имаше најдобриот партнер за вечерта – нејзиниот син Нокс, 16, кој неодоливо потсетува на татко му Бред Пит.

Безвременската црна боја убедливо доминираше, а eве како сето тоа изгледаше.

Луј Витон

Прада

Зухаир Мурад

Ралф Лорен

Живанши (Деми Мур)

Селин

Ботега Венета

Фото: Getty (Facebook)

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian