Црната боја е класика која прилега секогаш и секаде, и ќе се сложите дека е безвременска и може да ја носиме во било која сезона.
Црните парчиња облека никогаш не излегуваат од мода и допринесуваат за еден посебен стил самите по себе.
Во црно секогаш ќе изгледаме елегантно, стилски и самоуверено, подготвени за предизвиците кои нѐ очекуваат.
За овој викенд ви подготвивме повеќе предлози како да изгледате дотерани во црно, без разлика дали вашиот вкус налага рамни чизми, класични чевли или високи потпетици, здолништа или панталони, класични сакоа, палта или кожни јакни.
Црната боја е класика која и оваа есен ќе ни направи да се чувствуваме удобно и совршено.
Фото: Pinterest