Многумина тешко успеваат да останат сити и да изгубат килограми.
Тоа се чини и речиси невозможно, но експертите кажуваат друго.
Постојат одредени намирници коишто се прилично моќни во борбата против килограмите, а доброто е што можеме да ги купиме секаде и нема да не чинат многу.
За некои од нив не е потребно никакво готвење, а освен губење на килограми го продолжуваат и животот.
Содржат здрави масти, растителни влакна и немасни протеини коишто се многу потребни за правилно функционирање на нашиот организам.
Еве кои се тие…
Туна
Една конзерва туна содржи доволно протеини, витамини B3 и D калциум и магнезиум за да нè задоволи ако ја конзумираме како оброк.
Јогурт
Јогуртот е богат со протени, витамини B12, B2, калциум и форсфор, но и добри бактерии што го помагаат варењето.
Леќа
Одличен избор на железо, магнезиум, фосфор, цинк, протеини и B витамини.
Грав
Слично на леќата и гравот ги содржи гореспоменатите витмини и минерали, а богат е и со фолати.
Јаткасти плодови
Тие имаат веќе докажана енергетска моќ, богати се со влакна, добри масти и протеини па затоа и треба да го конзумираме во одредена количина.
Семки
Чиа, ленено семе, семки од тиква, од сончоглед и слично имаат голема нутритивна вредност и здрави масти па затоа е добро да се вклучат како додаток во салати или овошни миксови.
Фото: Pinterest