Ѝ посакуваме добредојде на есента со топли есенски ентериери

Откако го испративме долгото и топло лето, време е и официјално да ја пречекаме есента. Есента е период на промена на рувото на природата, од зелено во златно-жолти нијанси.

Есента е период кога ја враќаме топлата облека во секојдневието, но и период кога топлите напитоци и топлите ќебенца настапуваат во домот.

За да си го направиме денот поубав, барем оној дел од денот кога сме дома, можеме да си го уредиме и декорираме домот во духот на есента, со нејзините бои и препознатливи елементи.

Како наш предлог за преобразба на ентериерот ви ги препорачуваме топлите нијанси кои ги гледаме и наоколу во природата, а тоа се жолтата, портокаловата и златната боја, а секако може да додадеме и бела боја како основа и црвена и кафена за детали.

За комплетирање на ваквата топла атмосфера, може да се пополни просоторот со многу декоративни перничиња и ќебенца, а за визуелно надополнување, сувите цвеќиња и сончогледите ќе допринесат за спокојство кое на сите ни е многу потребно. Тиквата, пак, која е можеби најпозната за овој период, може да ја искористите и како декорација, но и да ја употребите во кујната за убави јадења.

Направете си чајче или какао напиток и уживајте во нашите предлози. Запалете си и некоја свеќичка за дополнителна топлина и препуштете се на целосно уживање.

Фото: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.