Ален Делон, легендарниот француски актер почина на 88 години

Ален Делон, францускиот актер, продуцент и писател чијашто неверојатна и уникатна убавина го направи интернационално популарен, почина на 88 години. Неговата смрт е резултат на повеќегодишна борба со лошото здравје како последица на мозочен удар во 2019 година, но и борба со лимфома.

Делон ќе остане запаметен како икона на француската и европската кинематографија, кој работеше со многу познати режисери.

Своето прво појавување на филм го имаше во 1957 година, глумејќи платен убиец во трилерот „Quand la femme s’en mêle“.  Подоцна, тој се стекна со интернационална слава со филмовите Purple Noon (1960), The Leopard (1963) и Le Samouraï (1969).

Сними неколку италијански филмови, а главно работеше со режисерот Лучино Висконти како во филмот “Rocco and His Brothers” од 1961 година. Филмот ја доби Специјалната награда од жирито на Филмскиот фестивал во Венеција.

Во неговите подоцнежни години, Делон ја произнесе разочараноста од филмската индустрија, велејќи дека парите го убиле сонот. „Парите, трговијата и телевизијата ја уништија машината за соништата“, напиша тој во издание на неделникот „Le Nouvel Observateur“ од 2003 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон му оддаде почит на актерот. „Меланхоличен, популарен, таинствен, тој беше повеќе од ѕвезда, тој е француски споменик“, рече Макрон.

 

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.