Бојата на виното е повторно во игра

Бојата на црвеното вино или бургунди ќе ја гледаме во сезоната што следи. Оваа нијанса којашто асоцира на софистицираност и елеганција есенва се враќа на модната сцена.

Тоа ни го покажаа и модните дизајнери, па така во својата колекција есен/зима 2024, Valentino ја вклучи во голем дел од своите модели на пистата, додека Hermès ја искористи за своите струкирани јакни.

Оваа прекрасна длабока нијанса ја има моќта да го трансформира секој аутифит, без потреба за дополнителни слоеви или додатоци.

Токму затоа е многу погодна за периодот што ни доаѓа, секогаш првлекувајќи внимание без разлика како ја носиме – макси фустан, капут, чевли, кожна јакна или здолниште…

Времето е совршено да го обезбедите вашето парче во боја на црвено вино, а за идеите тука ни се модните блогерки.

Фото: Instagram

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.